Twitter feed

dr Taki Fiti

dr Taki Fiti

Избран е за редовен професор во 1993 година.Роден е на 7.11.1950 година во Крушево. Економски факултет завршува во Скопје во 1973 година. Магистрирал во 1980 година, а докторирал во 1983 година на Економскиот факултет во Скопје. Обавил студиски престои во Италија, СР Германија и Полска. Во периодот 1996-1998 година е Министер за финансии на Република Македонија. Подрачје на научен интерес: економија, економски раст и развој, државна регулација, меѓународно движење на капиталот, претприемништво. Автор е на преку стотина стручни и научни трудови објавени во земјата и странство. Автор и коавтор е на 12 книги од кои позначајни се: "Транснационалните компании и извозот на капитал", "Современиот капитализам", "Претприемништвото и претприемничкиот менаџмент", "Економија - микроекономски пристап" и "Економија - макроекономски пристап".